Култура - Жена борец   Тетово располага со голем број на културни споменици, знаменитости, остатоци, културни и уметнички богаства, ... кои зборуваат за многу случувања, култури,преродбеници на македонската култура и уметност, борци за слободата на Република Македонија и сл. Пишаните документи говорат дека Тетово и Полог обилувале со голем број градби - споменици на разни епохи. Тетовско - полошката котлина се одликува со многу урнатини - остатоци од тврдини , цркви и манастири и сл. За животот на црквата зборуваат бројни остатоци од цркви, кои со своите димензии често пати ни кажуваат за еден организиран начин на исполнување на религијата на овие простори. Тука би ги споменале : Св. Константин и Елена кај село Вратница ( која денес се наоѓа во урнатина ), црквата Св . Никола во село Челопек, Св. Илија во село Стенче и др. Традицијата на овие простори продолжува и денес со обновата на Македонската православна црква. Седиштето на Полошко - кумановската епархија се наоѓа во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово.Во 1933 година кај Балезова чешма во Тетово, во Горно маало , при копање на темели за нова зграда е ископана една стара гробница од камен во форма на квадрат. Оваа гробница дава за право да се верува дека уште од античко време полошката котлина била населена. Култура - Жена борец Меѓу другото, во гробницата е пронајдена бронзена статуа, долга 9, а широка 4 см.Статуетката е редок археолошки и уметнички предмет кој дава податоци за уметноста од тоа време во овој крај.Според наодите на археолозите, особено на археологот С.Радојчин, се тврди дека овој тип на статуа претставува мотив на менада која бега пред сирена.Менадите биле митолошки суштества кои го придружувале грчкиот бог на изобилството - Дионис. Пронајдената статуа е наречена Тетовска менада и се смета дека потекнува од 6 век пред нашата ера , односно од 520 - 530 година.На врвот Балтепе веднаш над Тетово се наоѓа тврдината Кале, подигната во 1820 година. На изградбата на Кале работело целото македонско население од овој крај , а како градежен материјал биле користени : камен, чист мермер и железо кои биле носени од многу далечни места. Кога Калето било издигнато изгледало навистина волшебно, убаво и здраво, опколено било со големи ѕидови, широки по 3 - 4 метри кои биле ѕидани со специјален камен. Бектешкото теќе Арабати-баба, во кое е сместен Музејот на тетовскиот крај, претставува еден од најзначајните објекти од овој вид на Балканот. Арабати-баба теќе се наоѓа на периферијата на Тетово во непосредна близина на станицата од патничката жичарница Тетово - Попова Шапка. Според податоците во Теќето живееле околу 15 дервиши, на чии чело стоел старешина - баба. Дервишите биле прочуени како благородни, мирни и гостољубиви луѓе. Теќето се викало Арабат затоа што навидум неговиот основач бил сиромав човек со скината облека по име Алија, а така облечените луѓе Турците ги викале арабат. Поради тоа теќето го добило името Арабат-теќе.Во културното наследство на Тетово се вбројува и Шарена Џамија. Шарена Џамија е дел од комплекс на објекти од исламската култура како средиште на верското културното и духовното живеење во градот. Култура - Жена борец Тоа се верски објект- еднокуполна џамија со полигонално минаре, чешма, турбе, амам и беговите конаци, каде џамијата го завзема централното место. Нема некои пишани податоци за тоа кога џамијата е изградена, но во тетовското семејство Палоши е сочувано едно предание според кое џамијата ја изградила Хуршиде Хатун околу 1566 година. Ако околу годината на изградбата може да има дилеми , сосем е точно дека џамијата ја подигнала Хуршиде, која била болна и се надевала дека на овој начин ќе го смилува Алах и ќе оздрави. Џамијата особено се истакнува со својата декоративна обработка, а пак сликарскиот украс ја исфрла во прв план и ја прави посебно интересна и привлечна. Блескавите арабески изразени во сино цвеќе и треперливите сонца претставуваат навистина силно привлечен декор.Џамијата одвнатре и однадвор е ишарана со разни бои и по тоа го добила своето име.Таа претсавува редок споменик од овој вид во нашава земја.